Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Ж.Г.(55) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци” и „уцена”.
Во втората половина на август 2021 година пријавената набавила фотографии од женско лице од кочанско село со компромитирачка содржина, по што ги покажала на две други женски лица, а потоа ја уценувала оштетената да ѝ даде 5000 евра за да не ги објави фотографиите.