Петков: Наместо за историја, поважно е дискусиите да бидат во полза на сите

Досега, главниот фокус беше на историската дебата. Но, мислам дека е поважно сите дискусии да се стават на победничка основа за сите, вели бугарскиот премиер Кирил Петков, во интервју за Блумберг ТВ Бугарија, а коментирајќи за односите со Македонија.

Затоа отвораме пет нови групи – инфраструктура, економија, културни размени, влез во ЕУ и историја Се надевам дека ова нема да бидат само владини состаноци – сакам овие групи да работат исклучително ефикасно во следните шест месеци и да постигнат вистински резултати, на пример не разбирам зошто треба да летам низ Виена за да одам до Скопје. Би требало да имаме лет Софија-Скопје. Не разбирам зошто немаме железничка врска Софија-Скопје- вели Петков во интервјуто за Блумберг.

Тој зборува и за борбата против корупцијата, како принцип при чии нарушување би паднала неговата Влада.

Коалицијата ќе остане на власт се додека одржуваме нулта толеранција за корупција. Ако некој од коалициските партнери го заобиколи ова или ако владата падне поради тоа, нека биде  – вели Петков.

Во интервјуто се осврнува и на зајакнувањето на антикорупциските институции и механизмот за отчетност на јавниот обвинител, поради што има многу критики од Европската Унија. Според Петков, напредокот во оваа област би ѝ помогнал и на Бугарија да се приклучи на Шенген во следните шест месеци – амбиција на претходните влади што не се реализира поради сомневањата во борбата против корупцијата.

Треба да знаете
Последни објави