Шер смета дека жените во музичката индустрија треба да се поупорни и да се залагаат за своите права.
75-годишната поп легенда е една од најпродаваните уметници на сите времиња, а сега ги охрабрува идните женски ѕвезди да продолжат да се борат во индустријата во која доминираат мажи.
„Низ историјата, моравме да се бориме за сè што добивме и никогаш не беше лесно. Немаше жени директори во музиката. Требаше да отпееш нешто, потоа некој ќе те тапка по глава, и ти ќе чекаш,“ рече таа во интервју за „Е! вести“.
Шер верува дека жените во музичката индустрија имаат поинаков стандард во споредба со нивните машки колеги, но, пејачката на хитот „Верувај“ (Believe) ги повика сите жени уметници цврсто да стојат зад својот став и да не се повлекуваат.
„Морате да излезете од рамката, и тоа е толку клише, но морате. Кога мажите притискаат или знаат што сакаат, тие се почитувани и за нив се вели дека се ‘тврди’. Такви треба да бидат и жените.“