Ѓоковиќ, на крај, може да заврши во камп за имигранти?

Драмата околу пристигнувањето на светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ во Австралија за настап на гренд слемот на кој триумфирал девет пати, може да заврши со сместување на Србинот во „камп за имигранти“, тврди австралискиот весник „Хералд сан“.

Ѓоковиќ пристигна во Мелбурн со лет од Дубаи, по што беше откриено дека патува во Австралија со работна виза, која не дозволува медицински исклучоци за невакцинираните и за тоа мора директна поддршка од провинциската влада на Викторија. Заменикот министер за спорт на Викторија, Џала Палфорд, изјави дека нема да му даде ваква дозвола на Србинот, по што сега за неговото влегување ќе одлучуваат граничните служби.

Според „Хералд сан“, извор од владата на Австралија посочил дека „е можно да го пратат дома, или да го остават во камп за имигранти“.

Треба да знаете
Последни објави