Блинкен вели дека Германија треба да го запре гасоводот ако Русија ја нападне Украина

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја повика Германија да го запре гасоводот Северен поток 2 со Русија доколку Москва ја нападне Украина.

„Од наша перспектива, многу е тешко да се види гасот да тече низ тој гасовод, да стане оперативен, доколку Русија ја обнови својата агресија”, рече Блинкен на заедничката прес-конференција со германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок.

Треба да знаете
Последни објави