Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин изјави дека полицијата не се откажува од потрагата по Матеј Периш од Сплит, чие исчезнување беше пријавено на 31 декември во Белград, но истакна дека што и да се потврди, добро или лошо, семејството прво ќе дознае, во никој случај медиумите.
-Нашите оперативци неколку пати разговараа со пријателите, семејството, келнерите, обезбедувањето од клубовите, случајните минувачи, извадивме се од камерите, изјави Вулин за ТВ Пинк.
Според него, биле ангажирани Жандармеријата, единиците на речната полиција, беспилотните летала, „се што е во моќ на една полиција“.
-Знаеме дека бил во клубот, со пријателите, каде што изнајмиле стан, но исчезнувањето доцна било пријавено-, рече Вулин, нагласувајќи дека е исклучена можноста за какво било насилство или конфликт.
Таткото потврди дека неговиот син бил на неколку надзорни снимки, додаде Вулин.