Епидемиологот Драган Даниловски вели дека изолацијата кај Омикрон сојот треба да се намали на пет дена. Според него, треба да се заштити најранливата категорија граѓани, над 75 години, кај кои е највисок ризикот за тешка форма на болест.
„Се друго треба да се пушти да го прележи вирусот. Тој што сака да се вакцинира, нека се вакцинира. Време е веќе да се укинат ковид-пасошите и сертификатите, затоа што се бесмислени. Нема смисла да сум вакциниран со три дози, а ако исто така го пренесувам вирусот. Изолациите да се скратат за почеток на 5 дена, а потоа ако се види дека премногу се заразуваат, не може пола држава да биде во изолација“ – потенцира Даниловски во изјава за ТВ Телма.
Според епидемиологот, Македонија треба да примени шведски модел, без рестрикции и затварања.
„Сите што се без симптоми, а се позитивни на Ковид-19, да не одат во изолација. Нека си вршат работни обврски, стави си една или две маски и води сметка“ апелира д-р Даниловски.