Низ Градот Скопје има 1,2 отсто пристап за лицата со попреченост. Време е за „Агенда2030″ сега и веднаш, велат од коалицијата „Менуваме”.
-Членот 11 од Законот за градење предвидува создавање содветни услови за лицата со попреченост, но во град Скопје тоа е реткост, а се должи делумно на урбанистичкиот план, но и делумно на градоначалниците и политичарите, велат од коалицијата која спроведе истражување.
Коалицијата бара еднаков третман за лицата со попреченост, пристапни детски игралишта, пристапен паркинг, пристапност за лица со оштетен слух, пристапни јавни тоалети, пешачки патеки и пешачки премини, пристапни објекти однадвор и одвнатре, како и пристапен јавен транспорт. Потсетува и дека „Агенда2030″ вклучува стратегија и методологија за задоволување на основните потреби за лицата со попреченост и обезбедување услови за нивно активно вклучување во сите сфери на општеството, како на локално така и на национално ниво.