Кој и по кој основ му платил на Георгиевски за озвучувањето за новогодишната ноќ, Арсовска должи одговори 

Со оглед на тоа дека Петар Георгиевски – Камиказа призна дека добил 14.000 евра за озвучувње на новогодишната прослава на плоштадот, редно време е Данела да излезе пред граѓаните и да даде конкретни одговори за тоа кој му платил на Георгиевски и по кој основ на неговата фирма биле исплатени 14.000 евра.
Во официјалното соопштение од Град Скопје се вели дека парите се платени директно на изведувачите и дека изведувачите, озвучувањето и осветлувањето не биле ангажирани од градот.
Логично се поставуваат прашањата како е можно друго правно лице да организира дочек на Нова година во име на Град Скопје и по кој основ и кој може во име на градот да плаќа кон фирми кои биле ангажирани за прославата.
Ова е нов скандал за Данела Арсовска за кој постои основано сомневање за корупција, особено ако ангажманот на Георгиевски бил договорен претходно.
На целата македонска јавност деновиве и стана јасно дека коалицијата меѓу Левица и ВМРО-ДПМНЕ функционира и на локално ниво и освен што е деструктивна, прераснува и во кеш коалиција меѓу двете партии.
Арсовска да излезе пред јавноста и да ги даде сите одговори, бидејќи граѓаните заслужуваат да знаат што се случува во градот.
Треба да знаете
Последни објави