Поранешниот ракометен голман Марко Миркуловски ја промовираше својата книга „Пенал за финале“. Во книгата на Миркуловски главна тема е младинското Европско првенство во Полска во 2002 година каде што Македонија го освои четвртото место.
Директор на репрезентацијата беше токму Марко Миркуловски, а генерацијата составена од неговиот син Филип, Горан Кузмановски, Борко Ристовски, Мите Стоилов беше предводена од селекторот Илија Темелковски.
„Поради пандемијата многу луѓе кои требаше да се тука не можеа да дојдат. Ракометот за мене е голема работа целиот живот. Оваа генерација го направи најголемиот успех за македонскиот автор“, изјави Миркуловски.