Ништо од Австралија Опен, одбиено барањето за виза на Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ нема да има шанса да ја брани титулата на Австралија Опен бидејќи му е одбиено барањето за виза, јави новинарот на „The Age“ Пол Сакал.

Австралискиот новинар вели дека два извори му ја потврдиле оваа информација. Следниот чекор на Ѓоковиќ е поднесување на жалба на одлуката на австралиуските власти.

Наводно Ѓоковиќ не покажал доволно докази за неговото барање за медицинско изземање.

Драмата со Ѓоковиќ и неговото пристигнување во Мелбурн започна во 13.30 часот по средноевропско време, но набрзо беше испратен на испрашување бидејќи визата не му била валидна.

Испитувањето траеше шест часа, а останатото време Новак го помина во имиграциски притвор на аеродромот во Мелбурн, се до донесувањето на конечната одлука да не му се одобри визата.

Треба да знаете
Последни објави