Здружението на граѓани, НОВАСНОМ предупредува дека Договорот за добрососедтсво помеѓу Бугарија и Македонија воопшто не ги споменува Македонците од Република Бугарија.
-Повелете сведоштво од двајца Македонци од Принска Македонија, Република Бугарија, за тоа како се затварани во бугарските затвори само затоа што биле Македонци. Стојан Георгиев е првиот Претседател на забранетата организација ОМО Илинден Пирин, а Стојан Герасимов е член на ОМО Илинден Пирин, велат од НОВАСНОМ.