Зошто треба спиете со затворена врата од спалната соба?

Ако некој ве праша дали спиете со отворена или затворена врата од спалната соба, веројатно ќе помислите дека се шегува со вас.

Вистина е и дека има многу причини за спиење со отворена врата – подобар проток на воздух, може да се слушне дали децата се разбудиле, дали има чудни звуци од насоката на влезната врата…

Затоа и не е чудно што истражувањата покажуваат дека околу 60% од луѓето спијат со отворена врата.

А тоа, барем според експертите, може да биде фатална грешка.

Иако звучи премногу драматично, Американскиот институт за безбедносни истражувања (FSRI) предупредува дека во случај на пожар, отворена или затворена врата може да биде разликата помеѓу животот и смртта.

Имено, експертите направиле демонстрација и запалиле мала куќа во која биле отворени вратите од собите, освен една просторија со затворени врати. И разликата била неверојатна.

Утврдено е дека температурата во затворената просторија била и до 10 пати пониска од останатиот дел од куќата.

Исто така, ако вратата е затворена, влегувањето на отровниот чад се намалува, нивото на кислород се подига.

Ова е многу важно бидејќи истражувањата покажуваат дека просечното време кога треба да избегате од пожар е само три минути.

Исто така, експертите советуваат да се затвора и вратата од детската соба…

Треба да знаете
Последни објави