Хрватската поп-ѕвезда Нина Бадриќ за овогодишниот пречек на Нова Година одржа концерт во Брчко. Плоштадот беше преполн со луѓе кои ја чекаа најлудата ноќ со песните на Нина.
Пејачката сподели и видео на својот инстаграм-профил на кое се гледа атмосферата од настапот.
Додека ја пееше песната „Dani i godine“, на сцената се качи еден пар од публиката. Нина во прегратка со девојката ги пееше стиховите од своите песни, а позади девојката, одеднаш момчето клекнало и ја побарало девојката за жена.
Кога публиката сфатила што се случува, почнала со гласна овација.
Во описот на видеото стои:
„Запросена е една Нина, и рече да“