Хасани во последните шест месеци не играше откако летоска го раскина договорот со Партизани Тирана, а за Шкендија играше во два мандати и учествуваше во две од четирите шампионски титули, прво за историската прва во 2011 година, а потоа во сезоната 2017/18, а има еден Куп од 2016 година. Севкупно има 63 гола и 53 асистенции во 120 настапи за тетовци и една „златна копачка“ заедно со Бесарт Ибраими со 22 гола во шампионската сезона 2017/18.