Поранешниот фудбалер Душко Тошиќ во полиција потврдил дека имало кавга меѓу него и неговата сопруга Јелена Карлеуша, но рекол дека немало насилство.
Како што открива изворот на Курир, Тошиќ на инспекторите им рекол дека е шокиран бидејќи Јелена пријавила такво нешто во полиција.
-Се каравме, шокиран сум, не разбирам што ми се случи, рекол Тошиќ кому полицијата во следните 48 часа му забранила да и се приближи на сопругата.
На испрашувањето присуствуваа и неговите адвокати Небојша Перовиќ и Никола Премовиќ. Перовиќ за Курир потврди дека Душко Тошиќ негирал дека бил насилен кон сопругата.
Да потсетиме, драмата пред вилата на Дедиње започна утрово кога на покана на пејачката во нивната куќа дошла полиција. Таму било утврдено дека Тошиќ ја плукнал сопругата, а потоа ја удрил со отворена тупаница во лицето, при што таа се здобила со расекотина на лицето. Таа одбила да оди на лекарски преглед, но и да дојде во станица и да даде изјава.
Нејзиниот сопруг е сослушан како граѓанин, а дури откако ќе биде поднесена пријавата на полицијата и надлежните служби до Првото основно обвинителство ќе се одлучува за понатамошните дејствија.
По дадените изјави и дадените проценки од полициската станица, на Душко Тошиќ му е наредено да го забрани пристапот и комуникацијата со Јелена Карлеуша во траење од 48 часа, во кои мерката ќе биде доставена до обвинителството за да процени дали има потреба истата а биде применета.
Исто така, обвинителството и наложило на полицијата да достави детален извештај, со сите изјави, а на пејачката и било предложено да оди на преглед и заедно со пријавата да достави лекарски извештај, по што ќе одлучи за понатамошните дејствија.
Да се потсетиме, ова не е прв пат Јелена да го пријави Душко во полиција.
Имено, пејачката пред две години изјави дека Тошиќ психички ја малтретирал и дека и ја свиткал раката, а тој сето тоа го негирал и рекол дека се расправале бидејќи имале несогласувања во бракот. Пејачката подоцна се предомислила и не сакала судски да го гони.