Борусија Менхенгладбах „пеницилин“ за Баерн, славеше и на „Алијанц арена“

Борусија Менхенгладбах уште еднаш потврдио дека е многу незгоден ривал за најтрофејната екипа во Германија, Баерн Минхен и пак им зема мерка на Баварците, вечерва со 2:1 на „Алијанц арена“ во Минхен.

Гостите ја искористија ситуацијата во таборот на шампионот, кој настапи без дури 14 фудбалери, поголем дел од нив со позитивни тестови на Корона-вирус и славеа со пресврт.

Најдобриот стрелец во Европа, Роберт Левандовски во свој стил мајсторски ја затресе мрежата на Јан Сомер во 18. минута и најави реванш на Баерн за дебаклот од 5:0 против Борусија, но тимот од Менхенгладбах се покажа како тврд орев и со пресврт ги освои бодовите во премиерниот меч од Бундеслигата за 2022 година.

Флоријан Нојхаус израмни на 1:1 во 27. минута и тој гол можете да го погледнете ОВДЕ.

Само четири минути подоцна погоди Лајнер за победа на гостите, кои и буквално го тероризираат шампионот на Германија во последно време.

Борусија во октомври лани го растури Баерн во ДФБ покалот со 5:0, а има четири  победи, едно реми и еден пораз на последните шест меѓусебни дуели.

 

Треба да знаете
Последни објави