Бразилскиот фудбалер Филипе Кутињо ќе настапува до крајот на сезоната во редовите на Астон Вила како позајмен играч од Барселона, потврдија денеска двете екипи.
Астон Вила соопшти дека Кутињо треба да пристигне во Бирмингем во следните 48 часови и оти премиерлигашот има опција да го откупи неговиот договор со шпанскиот клуб.
Кутињо дојде во Барселона од Ливерпул во јануари 2018 година за 142 милиони евра, но не успеа да избори стандардно место во првиот тим и на 106 натпревари постигна 26 голови.
Бразилскиот 29-годишен репрезентативец во Астон Вила повторно ќе соработува со Стивен Џерард, кој му беше капитен во Ливерпул, а сега ќе му биде тренер во премиерлигашот од Бирмингем.