Македонскиот репрезентативец Енис Барди забележа асистенција во денешната победа (2:0) на Леванте на домашен терен против Мајорка.
За тимот од Валенсија ова беше прва победа сезонава во Ла Лига.
Барди му асистираше на Роберто Солдадо во 47. минута при водечкиот гол на домаќините. Конечните 2:0 ги постави Моралес во 90+7. минута.
За Леванте ова е значаен триумф во борбата за опстанок, останува на последното 20 место со 11 бодови, веднаш зад Елче и Алавес кои имаат по 16, а претпоследниот Кадиз има 14. Токму Кадиз е следниот ривал на Леванте кој ќе се обиде да дојде до уште една важна победа во „Ла Лига“.