Како што тврди британски „Дејли мејл“, Сергеј Милинковиќ-Савиќ од лето ќе се пресели во Англија, во редовите на Манчестер Јунајтед!
Британците наведуваат дека трансферот на играчот од средниот ред на Лацио е многу блиску до реализација, а споменатата бројка е 70 милиони европски банкноти.
Изворите на весникот тврдат дека постои устен договор меѓу Клаудио Лотито, претседателот на Лацио и Матеја Кежман, агентот на Сергеј, околу продолжување на кариерата на српскиот играч за врска на „Олд Трафорд“.
Популарниот „СМС“ има договор со Лацио на уште една и пол година, а овој трансфер делува уште пореален ако се земе предвид дека Пол Погба на лето дефинитивно ќе го напушти Манчестер, па замена е многу неопходна.
Да потсетиме, интерес за српскиот репрезентативец пројави и Јувентус, но се чини дека клучна ќе биде подобрата ситуација во редовите на „ѓаволите“ на финансиски план.