Тешка повреда на Теодосиќ

Легендарниот српски кошаркар Милош Теодосиќ доживеа тешка повреда на коленото на мечот на неговата Болоња против Реџо Емилија. Во последната минута од мечот, Теодосиќ при еден дриблинг згазна лошо и без контакт го повреди коленото.

Веднаш беше изнесен од терен, но очигледно е дека долго ќе мора да отсуствува од терените.

Теодосиќ пред да се повреди постигна 18 поени, девет асистенции и два скока.

Треба да знаете
Последни објави