Митровски во претходните шест месеци беше на две проби, во Партизан и во Полска, меѓутоа тие беа неуспешни, па сега се враќа во Македонија за да се врати во форма.
Екипата од Струмица претходно се засили и со Пепи Ѓоргиев, а во следниот период на проба во тимот ќе биде и хрватскиот интернационалец Леис Пличанин.
Струмичани треба да го решат и прашањето за нов кормилар на екипата бидејќи Александар Васоски пред неколку дена замине во Сараево.