Михаела Хае ‘МЈ’ Родригез испиша историја станувајќи прва трансродова жена која освоила „Златен глобус“ за најдобра актерка во ТВ драма, односно драмска серија, за нејзината улога како мајка и медицинска сестра Бланка во хит- серијата „Поза“.
Иако оваа година наградите „Златен глобус“ беа проследени со многу контроверзи , церемонијата се одржа во неделата вечерта без телевизиски пренос, без помпа и црвен тепих, а потоа на медиумите им беше соопштено кои се добитниците.
Мј Родригез воедно стана и првата трансродова афроамериканка во историјата која освоила „Златен глобус“.
Реагирајќи на својот Инстаграм-профил откако дозна за наградата, таа напиша: „ Каков роденденски подарок! Ви благодариме! Ова е врата што ќе ја отвори вратата за уште многу млади талентирани поединци. Тие ќе видат дека ова е повеќе од можно.“
Ѕвездата – која го прослави својот 31. роденден само два дена пред победата – додаде дека сега е отворена вратата за други ЛГБТКАИ таленти да стигнат до ѕвездите.