Македонскиот голман, Дејан Илиев го завршува престојот во Арсенал чиј член беше цели девет години.
26-годишниот голман не доби вистинска шанса од Арсенал, бранеше за младинските тимови и беше праќан на позајмици.
Соработката меѓу Илиев и Арсенал завршува, клубот решил да не му понуди нов договор.
Засега не е познато кој ќе биде идниот клуб на Илиев, дали ќе остане во Англија или ќе се пресели во клуб од друга земја.