По неколку години несогласувања и кавги, раперот Канје Вест и продуцентот Хит Бој конечно повторно соработуваат на новата песна на Вест, Eazy.
34-годишниот Хит Бој (роден како Чонси Александар Холис Џуниор) неодамна потврди дека го продуцирал новиот сингл на Вест, Eazy, заедно со Д’ Гејм. Новата нумера излезе во петокот.
И Канје и Хит Бој потоа се огласија на своите Инстаграм-профили во понеделникот, споделувајќи видео од студиото на Хит Бој, каде тој седи со својот син.