Хрватската пејачка Северина Вучковиќ (49) не престанува да ја интригира јавноста. Таа со најновата објава на социјалните мрежи ги остави обожавателите во шок, а малку е да се каже дека Инстаграм гори.
Севе објави провокативна фотографија на која заводливо позира, облечена само во високи потпетици и светкава маичка која ја соблекла на половина и ја кренала над задникот и на тој начин ја истакнала својата фигура.
„Вовед во анатомија“, напиша Северина покрај фотографијата.
„Севе, и мртвите ќе ги оживеаш “, „Балканот нека гори“ „Како виното, со текот на годините, сѐ подобро и повкусно, така и Северина“, ја пофалија фановите во коментарите, и додадоа дека Северина изгледа многу добро за своите години.
Пејачката годинава полни 50 години, но од оваа фотографија тешко е да се заклучи.