Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ беше депортиран одлука на Федералниот суд на Австралија, под лажно обвинување дека е икона на движењето против вакцинација, како и дека тој и неговата сопруга Јелена не веруваат во науката. Денеска, пак, се појави информација дека Ноле и Јелена основале фармацевтска компанија во Данска пред две години, кога само што почнала да се шири пандемијата на коронавирус, а која, меѓу другото, се занимава и со изнаоѓање лек за коронавирусот!
Ѓоковиќ ја основал биотехнолошката компанија QuantBioRes во јуни 2020 година, потврди за Ројтерс Иван Лончаревиќ, извршен директор на оваа компанија со седиште во Данска.
На официјалниот сајт на данскиот АПР стои дека Новак и Јелена Ѓоковиќ поседуваат вкупно 80 отсто од компанијата. Сопственоста на Новак е 40,8%, а на Јелена 39,2%. Лончаревиќ е заведен како директор на компанијата, додека Новак е еден од тројцата членови на Извршниот одбор. На веб-страницата на компанијата се наведува дека тие развиваат технологија за лекување на коронавирус од јули 2020 година.
Компанијата „Quantum BioRes“ има околу 11 истражувачи кои работат во Данска, Австралија и Словенија.
Компанијата развива пептид кој го спречува коронавирусот да зарази човечка клетка.
Лончаревиќ очекува да започне клинички испитувања во Британија ова лето.
– Во KvantBioRes работиме на користење на единствен и нов модел на резонантно препознавање (RRM). RRM е биофизички модел заснован на откритието дека одредени периодичности/фреквенции во рамките на дистрибуцијата на енергиите на слободните електрони долж протеините се критични за биолошката функција на протеините и интеракциите со протеинските рецептори и други цели. Технологијата RRM овозможува овие карактеристични фреквенции, кои се од електромагнетна природа, да се идентификуваат за секоја биолошка функција / интеракција. Кога ќе се идентификува карактеристичната фреквенција за биолошката функција, можно е да се анализира интеракцијата на биолошката функција/протеин, да се предвидат биоактивни мутации и да се дизајнираат нови биоактивни пептиди со саканата биолошка функција, како и да се предвиди електромагнетна фреквенција што може да пречи на одредена протеинска активност – објаснува Лончаревиќ.
Овој потег може целосно да ја промени сликата во јавноста на српскиот тенисер, кој е прогласен за „антиваксер“.
Првиот светски рекет доби забрана за влез во Австралија и остана без виза, по одлука на Федералната влада. Тоа го спречи да ја брани титулата во Мелбурн, а би можел и да остане без првата позиција на АТП листата.
Сега е најавено дека и во Франција сите учесници ќе мора да бидат вакцинирани за да настапат на Ролан Гарос. Тоа носи нови главоболки за Ѓоковиќ и неговиот тим.