Легендарниот хрватски кошаркар Дино Раѓа, членот на златната генерација на Југопластика и поранешен југословенски и хрватски репрезентативец, иво интервју за српскиот магазин „Недељник“ зјави дека бивша Југославија ќе била вечен кошаркарски првак во Европа ако не се рападнела.
Според Раѓа, веројатно само олимпискиот турнир во 1992 година со првиот „дрим тим“ генерацијата со него, Дивац, Кукоч, Дражен Петровиќ и останатите ќе загубеле, ама остатокот веројатно – сѐ ќе победеле.
-Јас сум убеден дека ако не се распаднеше Југославија, ќе беше вечен европски првак! Значи од 1989 до 2225 година, никој немаше да ни биде ни близу. Мечот со првиот ‘дрим тим’ во 1992 година ќе го загубевме. Како Хрватска бевме тенки на тој меч за уште пет-шест играчи кои ќе можеа да излезат и да се спротивстават, но и заедно како Југославија тој ‘дрим тим’ немаше да го добиеме. Ама, сите останати американски селекции после тоа, мислам дека ќе беа мечеви ‘на една топка’ и (нај)често ќе одеше на наша страна, рече Раѓа.
Кошаркарот се сети и на анегдота со „Југопластика“.Drži govor i kaže: ‘Ljudi, moramo biti malo kao Jugoplastika.’
-За време на снимањето на познатата шпанска серија „Money Heist“ нешто тргнало наопаку и директорот на фотографија ја собира екипата. Држи говор и вели „луѓе, мора да бидеме малку како Југопластика“. Сега кога беше премиерата на петтата сезона, решив да го изненадам. Отидов на премиерата и седнав во вториот ред. Тој беше во првиот ред, веднаш пред мене. И кога заврши проекцијата и се запалија светлата, ме виде, откри Раѓа и додаде:
-Човекот умре од среќа. Му дадов жолта маица Југопластика и тој соблече гол до половина пред неколку илјади луѓе и ја облече таа маица. Тоа е феноменот Југопластика. Ние бевме кошаркарски Битлси“.