Според Де Висенте, Рајо Валјекано ја одбиле понудата од 5,5 милиони евра за трансфер на Димитриевски и „пчеличките“ немаат намера да го продадат својот фудбалер освен ако не се активира откупната клаузула според договорот, која изнесува 50 милиони евра.
За Димитриевски интерес имаше и од Барселона, но Каталонците воопшто не ни тргнаа со понуда, за разлика од саудискиот клуб за чиј интерес информираше и Фабрицио Романо, а друг италијански новинар Руди Галери од СпортИталија објави дека македонскиот чувар на мрежата е на чекор до преселба во Ал Наср, во изминатава седмица.
Димитриевски не бранеше на последните два меча поради проблем со мускулот, но веќе се врати на тренинзите на Рајо Валјекано и ќе биде во конкуренција за настап против Атлетик Билбао.