Во текот на синоќешното виртуелно гостување во ток-шоуто „Доцна навечер со Сет Мејерс“ на Ен-би-си, каде што го промовира својот нов филм „Белфаст“, Дејм Џуди Денч откри како нејзиниот внук ја натерал да се занимава со танцувачки предизвици на „Тик-ток“.
87-годишната британска актерка рече дека нејзиниот внук Сем Вилијамс дошол кај неа додека таа била во самоизолација и ѝ рекол: „Мислам дека треба да направиме малку ‘Тик-ток’“.
„Јас му реков дека сум апсолутно безнадежна во тие работи, но тој ме увери да не се грижам бидејќи ќе вежбаме претходно“. Откога извежбале и го снимиле клипот, таа го прашала дали ќе го објави. „Треба уште вежбање“, ѝ рекол внукот.
„Тој беше тиранин“, се пошегува Џуди. Таа никогаш не го видела готовиот резултат, а Сет потоа ја покажал снимката на која танцува со својот втор внук. Џуди и Сем потоа продолжиле со други танцувачки предизвици на апликацијата „Тик-ток“.
Сет потоа ја информирал дека Сем исто така се зафатил и со рецензии на нејзини филмови