Репрезентацијата на Црна Гора загуби од Холандија со 30:34, во рамките на третото коло од групата „1„ на Европското ракометно првенство.
Победничката серија која што траеше три средби и практично ја најави Црна Гора како едно од најголемите изненадувања на ова ЕП, беше сопрена од „лалињата“, односно од Каи Смитс кој сега, пак постигна девет погодоци во мрежата на Црногорците.
Противникот на Македонија од прелиминарната групна фаза, тргна силно па во еден момент водеше и со четири разлика во првото полувреме (10:6), но, таа предност се „стопи“ и Холанѓаните заминаа со водство и резултат од 18:16 на паузата.
Во вториот дел, успешно ја одржуваа предноста и на крајот славеа со 34:30, со што дојдоа до првите два бода во групата, колку што има и Црна Гора.