Новак Ѓоковиќ ќе може и невакциниран да игра на вториот Гренд слем турнир во сезоната, Ролан Гарос, иако француските парламентарци неодамна изгласаа закон дека невакцинираните спортисти нема да може да бидат дел од настаните во Франција.
Според пишувањата на „Газета дело спорт“, ова правило нема да важи за оние спортисти кои го прележале Коронавирусот во период не подолг од шест месеци. Ако се знае дека Ѓоковиќ беше позитивен на 16 декември, тоа значи дека Србинот без проблем ќе може да игра на Ролан Гарос.
Турнирот во Париз треба да започне на 16 мај и ќе трае до 5 јуни, што е точно пред да истечат шест месеци на Ѓоковиќ откако го прележал вирусот.
Од понеделник во Франција во сила стапува закон според кој на спортски настан нема да може да се влезе доколку се нема примено вакцини.
Djokovic, ora Parigi apre le porte: green pass come guarito entro sei mesi https://t.co/frueDrs2KI
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) January 22, 2022