Александар Зверев беше изненаден во осминафиналето на Австралија Опен и доживеа пораз од Денис Шаповалов (0:3).
Зверев во отсуството на Ѓоковиќ беше еден од најголемите фаворити за освојување на турнирот, но мораше да се соочи со рана елиминација. Германецот по поразот не го криеше разочарувањето и призна дека одиграл слаб меч.
„Дојдов тука да го освојам турнирот и да станам прв тенисер на АТП листата, но со ваква игра не го заслужувам тоа. По еден ваков лош меч глупаво е да зборувам за идни успеси“, изјави Зверев по елиминацијата.