Музичарот Кристијан Рахимовски на социјалните мрежи се прости од својот татко Аки, пејачот на „Парни Ваљак“, кој вчера ненадејно почина на 66-годишна возраст.
За смртта на неговиот татко дознал вчера околу 13 часот. Неговиот менаџер Дамир Осредечки вчера изјави дека Кристијан се чувствува многу лошо и не може да зборува. Пред три дена му кажал дека се плаши за својот татко бидејќи видел дека не е добро.
Скршениот син на пејачот утрово му напиша последна поздрав на татко си и се заблагодарил на сите кои се со мислите и тагата со него и нивното семејство.
Освен Кристијан, Аки Рахимовски и неговата поранешна сопруга Ингрид ја имаат и ќерката Едина, а пред две години ја доби и ќерката Антонија со 27-годишната Словенка Барбара Весел.
– Тато, прерано ми замина.
Премногу рано. Луѓето велат дека Господ така сакал… Ние си бевме повеќе како песна отколку зборови, не знаеше на друг начин, не знаеше како да се симнеш од таа сцена во главата, па ти приоѓав само со песна. И можевме да направиме многу повеќе татичко мој. Болиш неописливо.
Утеха ми е што ќе имам барем дел од тебе во моите песни како и во она што ми го остави. Но, тоа сега не ми е доволно…
Луѓето знаеја се за нас, а ништо не знаеја…, јас и ти знаевме…
На сите ни недостасуваш, тато.
Татичко сега одмори се, а потоа рокај горе со тимот.
Луѓе мои, во име на целото семејство Рахимовски ви благодарам на сите на зборовите за поддршка, за сите пораки, повици …
И вам ви значеше затоа што беше голем како и Оли беше недопирлив.
Татичко, ти ми рече пред неколку дена: Сине, и јас те сакам, ајде бегај таму и да се видиме. Ќе се видиме тато, еден ден…
Чао тато, те сакам тато…
Се гледаме…, напишал неутешниот Кристијан и објавил фотографија кога бил бебе, а тато го држел во прегратка.