Вардар ги зема терените во карпош и ќе ги стави во функција на своите младински категории, додека клубот од скопската населба Карпош станува буквално филјала на црвено-црните, па вардароввите младинци и таленти ќе играат во овој клуб со цел побрзо да се развијат пред да влезат во првиот тим на Вардар.
„Со овој договор ФК Вардар ги презема терените на ФК Локомотива кои што ќе се користат за тренинг на младинските категории на нашиот клуб, а клубот од Карпош ќе продолжи да функционира како клуб за развој со поддршка од ФК Вардар каде што ќе добиваат шанса за настап помладите играчи на нашиот клуб.
Преку оваа соработка ФК Вардар вложува во програма за континуиран фокус на техничкиот, тактичкиот и физичкиот развој на младите фудбалери во младинските школи со надеж дека во иднина ќе се создадат и развијат фудбалери кои што ќе бидат спремни за настап во првиот тим“, објавија вардарци.