Камерунецот Френсис Нгану со едногласна одлука на судиите го победи Сирил Гане во фантастичен меч на УФЦ 270 во Анахајм и ја одбрани титулата во тешка категорија. Тоа беше прва одбрана на титулата за камерунскиот „Предатор“, која ја освои минатиот март со победата против Стипе Миочиќ. Ова беше негова 17. победа во кариерата и шеста во низа.
Нгану веднаш го зазеде центарот на октагонот и го нападна Гане, но Французинот одлично се движеше. По првичното испитување на силите си разменија неколку удари, со мала доминација на Камерунецот. Но, Сирил знаеше како да возврати. Се чинеше дека и двајцата избраа тактика за да се исцрпат, бидејќи неколку пати влегоа во клинч покрај оградата на октагонот.
Првата половина од втората рунда помина прилично мирно во која и двајцата си разменија по неколку удари, а потоа во средината блесна кружниот удар на Гане, кој Френсис успешно го избегна.
Камерунецот ја окупираше средината на октагонот, но Сирил со одличен потег го избегнуваше секој напад на шампионот.
На крајот од првата минута од третата рунда, Нгану го собори Гане, и се обиде да стави крај на натпреварот. Гане успеа да се извлече, а борбата повторно помина на нозе.
Французинот беше погоден во лактот, а Нгану како да не го почувствува тоа. Гане подоцна беше погоден од „висок удар“, но Френсис продолжи да тера и повторно го собори предизвикувачот.
Сирил го фати Френсис за рака, но не можеше да го заврши. Борбата отиде во четвртата рунда.
Во средината на рундата Камерунецот по трет пат го собори Гане, кој побегна, Нгану се обиде да ја заврши работата покрај оградата, но и Гане издржа.
Во петтата рунда Сирил тргна во напад и веднаш со неколку удари успеа да го собори Френсис. Ја фати ногата на противникот, но Нгану го издржа нападот. Френсис повторно го врати Французинот на грб и ја контролираше борбата до крај.
На крајот, судиите едногласно му ја доделија победата на Френсис Нгану – 48-47, 48-47, 49-46.