Фудбалерите на Баерн Минхен остварија убедлив триумф од 1:4 на гостувањето кај Херта Берлин во натпревар од 20 коло во Бундеслигата.
По триумфот, баварците имаат 49 бода, шест повеќе од второпласираната Борусија Дортмунд. Херта пак се наоѓа на 13 место со 22 бода.
Резултатот го отвори Корентин Толисо во 24 минута, а на финишот од првиот дел Томас Милер зголеми на 0:2. Доминацијата на „Олимпискиот стадион“ во Берлин, фудбалерите на Баерн ја крунисаа со уште два гола во финишот, на Сане и на Гнабри. Домаќините во 81 минута преку Екеленкамп успеаја да постигнат почесен гол.
Лајпциг со 2:0 го совлада Волфсбург и се искачи на шестото место на табелата со 31 бод, три помалку од позицијата која носи во Лигата на шампионите. Головите за Лајпциг ги постигнаа Орбан во 76. и Гвардиол во 84. минута.