Луис Хамилтон е се поблиску до официјално завршување на кариерата, откако британскиот возач подолго време молчи на темата дали ќе остане уште една година дел од Формула 1 шампионатот. Британецот се нема појавено во јавноста по последната трка во Абу Даби, каде што на патеката „Јас Марина“ во последниот круг ја загуби битката со Макс Ферстапен, но извори блиски до него тврдат дека Луис е многу поблиску до пензионирање отколку до нов договор со Мерцедес.
Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, даде неколку изјави во коишто потенцираше дека ниту тие самите не знаат што ќе биде со нивниот прв возач. Доколку Хамилтон одлучи да си замине од Формула 1, Мерцедес имаат подготвено замена со ангажман на Шарл Леклер.
Младиот возач на Ферари е првиот пик за наследник на Луис доколку се реализираат најавите за пензионирање на сеумкратниот Ф-1 шампион, а негов тимски колега ќе му биде Џорџ Расел.
За очекување е Хамилтон во најскоро време да ги разреши дилеми и официјално да објави дали ќе му каже збогум на „летечкиот циркус“ или уште една година ќе се натпреварува во Формула 1.