Познатата двојка Пријанка Чопра и Ник Џонас го добија своето прво дете преку сурогат мајчинств.
Актерката (39) и пејачот(29), кои се венчаа во 2018 година, ја соопштија убавата вест на профилите на социјалните мрежи, откривајќи дека се „пресреќни“ што станале родители.
Медиумите веднаш ја пренесоа веста, а двојката истакна дека желбата им се остварила со помош на сурогат-мајка.
„Пресреќни сме што можеме да потврдиме дека добивме бебе преку сурогат. Замолуваме за приватност во овој посебен период додека се фокусираме на нашето семејство,“ напиша таа на својот Инстаграм-профил.