Поранешниот УФЦ борец Мајкел Фалкао почина на 40-годишна возраст откако беше избоден со нож во Бразил. Фалкао имал кавга во родниот Пелотас каде бил нападнат од неименувано лице, а од здобиените рани починал во болница.
Поранешниот борец имаше дури 60 професионални борби во кои забележа 40 победи, а се бореше во најголемите организации како УФЦ, КСВ, Белатор. Токму во средната категорија на Белатор се бореше за шампионската титула во 2013 година, но беше поразен од Александар Шименко.