По денешната тажна вест дека македонскиот композитор и диригент Александар Џамбазов нè напушти, на својот инстаграм-профил се огласи и Илина Арсова нашата позната алпинистка и планинарка, а воедно девојката на неговиот син Игор.
Илина сподели фотографија од неа со Игор и Александар со насмевки на лицата и запиша:
„Ние вака ќе си се памтиме, насмеани и ведри, а Маестро секогаш спремен со неисцрпна колекција на анегдоти и вицови. Вечна ти слава, еден и единствен Маестро Џамбазов“.
Под објавата многумина од пријателите на Илина и Игор им оддадоа сочувство и голема почит за починатиот Александар.
Композиторот и диригент Александар Џамбазов почина денеска, а официјалната вест за неговото заминување ја објави синот Игор, кој исто така сподели фотографија од својот татко за збогум.