Јутјуберот Акаки Кумери дизајнираше адаптер што се прикачува на Dual Sense контролер за PS5 и ви овозможува да го користите со една рака.
Ова првенствено ќе им служи на играчите со хендикеп, а се очекува наскоро да го стори истото и за „Икс-бокс“ контролерот.
Кумери го сподели дизајнот на интернет, така што секој што има пристап до 3D печатач може да го направи.
Ова ќе биде голем чекор во создавањето поголема пристапност во игрите, и тоа е голема работа бидејќи компаниите не направиле ништо слично, така што овој потег би можел малку да ги разбуди заспаните гиганти и да ги натера да се позабават со овој проблем.