Иако губеа во текот на целиот меч, вклучувајќи со пет гола разлика на полувреме, Швеѓаните направија неверојатен камбек за 24:23 (9:14) победа над нордискиот ривал Норвешка во последниот меч по групи на ЕП во ракомет во Унгарија и Словачка, за да станат последниот полуфиналист на шампионатот.
Швеѓаните имаа водство само од 2:1 на почетокот на мечот, по што дуелот помина во знакот на Норвежаните, кои имаа максимални шест гола предност во првото полувреме, а по обидот за камбек на Швеѓаните, се вратија на +4 (23:19) со голот на Сагосен на шест минути пред крајот. Но, тоа се покажа дека е последниот гол кој го даде Норвешка, за на петнаесет секунди пред крајот од пенал да им пресуди Валтер Хринц за 24:23. Последниот обид на Сагосен заврши далеку од голот.
Хринц беше најдобар стрелец на „трите круни“ со 6 гола, додека четири уфрли Џим Готфридсон, додека за Норвешка, Харалд Реинкинд имаше шест, а Сандер Сагосен и Кристијан О’Саливен имаа по четири гола.
Во полуфиналето, Швеѓаните, како први во групата 2 ќе играат со Франција, додека Данците ќе ја пречекаат Шпанија.