Во пресрет на натпреварот меѓу Камерун и Комори се случи трагедија во која загинаа голем број навивачи. Имено, пред споменатиот натпревар во главниот град на Камерун пред стадионот „Олембе“ се случи стампедо во кое животот го загубија најмалку седум лица, јавуваат странските медиуми.
Сликите кои се шират на интернет покажуваат луѓе кои се обидуваат да им помогнат на настраданите, а многумина дополнително се повредени во стампедото и куцаат и ползат на колена.
Bousculade au stade Olembe.
???? pic.twitter.com/ybARNI6bT2— Joseph Mac Opare ???????????????? (@jmopare) January 24, 2022
За жал, дел од нив не успеаја да се извлечат од невидениот инцидент, а меѓу повредените има и деца.
Видеото кое доаѓа од местото на несреќата покажува дека до трагедијата дошло откако 50.000 луѓе се обиделе да минат низ портите на стадионот кој има капацитет од приближно 60.000 гледачи, но во продажба биле пуштени 80 отсто од капацитетот.
La bousculade a l’entrée du Stade Olembé, #Yaoundé, pour le match #Cameroun Vs #Comores, comptant pour la 8e de finales de la #CAN2021 pic.twitter.com/bViz15BpxF
— Humanitarian Purpose (HP-BLEC) (@HumPurse) January 24, 2022