Рафаел Надал во маратонски меч од четири часа и 10 минути, преку Денис Шаповалов, избори пласман во полу-финалето на Австралија опен. Канаѓанецот успеа да се врати по негативата од два сета, но не успеа да стана третиот тенсер, кој успеал да го победи Надал по 0:2 во сетови, на гренд слем турнирите.
Шпанецот славеше против Шаповалов со 3:2 (6/3, 6/4, 4/6, 3/6, 6/3).
Надал играше сигурно во првите два сета, не му дозволи брек шанса на Шаповалов, а во исто време своите шанси максимално ги користеше.
Шаповалов првите брејк топки гиимаше во петтиот гем од третиот сет, Надал успеа да се извлече, но не успеад а се спаси во десеттиот гем, Канаѓанецот му го одзеде сервисот и намали на 2:1.
Одлично играше Шаповалов и во четвртиот сет. Клучниот брејк го направи во четвртиот гем, поведе со 3:1, а потоа лесно и го потврди брејкот.
Петтиот сет беше решен на стартот. Шаповалов, во првиот гем не успеа да му го одземе сервисот на Надал, а во наредниот гем одигра катастрофално, Шоанецот направи брејк, кој потоа и го потврди.
Надал со 3:2 избори пласман во своето седмо полу-финале на АО. Противник во полу-финалето ќе му биде Матео Беретини или Гаел Монфис.