Фото: Слободан Ѓуриќ
На Градскиот плоштад во Скопје граѓани и музичари му оддаваат последна почит на Аки Рахимовски, еден од најдобрите рок-пејачи во регионот, фронтмен на групата „Парни Ваљак“.
Оддавањето последна почит под мотото „Да го испратиме со песна нашиот Аки“ го организира радио „Бубамара“ со поддршка КЛС Саунд и Град Скопје, ден пред погребот на музичката мега ѕвезда во Загреб. Скопјани и покрај студеното време дојдоа да се запишат во книгата на жалоста и да запалат свеќа.
На Градскиот плоштад може да се слушне и песната „Ако згрешам, нека изгорам“ на Пепи Бафтировски која Аки во клавирска придружба ја сними пред пет години во студиото на „Тавитјан брадерс“. Тоа е неговата последна снимка кај нас.
Аки Рахимовски преку четири децении беше пејач на „Парни ваљак“. Почина на 22 јануари 2022 година. Зад себе остави хитови со кои раснеа многу генерации.