Египетските фудбалери вечерва се пласираа во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации, откако по изведувањето пенали ја совладаа селекцијата на Брегот на Слоновата Коска со 5:4.
По 120 минути мируваа мрежите на двете страни (0:0). Херој на „фараоните“ е голманот Мохамед Абу Габал кој во третата серија го запре ударот на Ерик Баи.
Габал го замени повредениот Ел Шенави, кој беше прва голманска опција, во финишот на регуларниот дел.
Сите играчи на Египет беа прецизни од 11 метри, помеѓу кои и најголемата ѕвезда, членот на Ливерпул, Мохамед Салах.
Египет во четвртфиналето ќе игра со Мароко кој претходно славеше над репрезентацијата на Малави. Познати се уште две четвртфинални средби, Гамбија ќе се сретне со Камерун, а Буркина Фасо ќе се соочи со Тунис.