Сер Елтон Џон беше принуден да одложи два концерта во Далас, Тексас, откако неодамна беше позитивен на коронавирусот.
Музичарот (74) е вакциниран со две дози и бустер, а моментално има само благи симптоми, се наведува во објавата на неговиот Инстаграм-профил.
Пандемијата предизвика одложувања на прошталната турнеја на Сер Елтон, Farewell Yellow Brick Road, во неколку наврати.
Друга британска суперѕвезда, Адел, минатата недела ги откажа настапите во Лас Вегас поради Ковид-случаи во нејзиниот тим.