Интересна приказна ни доаѓа од Африканскиот Куп на нации, а во центарот на вниманието е египетскиот репрезентативец Мустафа МохамедИграчот на Галатасарај вчера играше во осминафиналето на Африканскиот Куп, но тоа не му попречи да испрати двојник за него да полага испит на универзитет, пренесува „Мундо Депортиво“.Меѓутоа, вработен во Универзитетот во Каиро, каде што студира Мохамед, приметил дека човекот кој дошол да полага испит не е 24-годишниот фудбалер.
Двојникот признал дека дошол да му „помогне“ на пријател, па сега доколку се утврди дека бил платен за тоа, фудбалерот може да добие кривична пријава.