Американката Даниел Колинс ќе и се спротивстави на првата ностелка, Ешли Барти, во финалето на Австралија опен.
Колинс, во второто полу-финале, на женскиот дел од турнирот, убедливо ја порази Ига Швјонтек од Полска со 6/4, 6/1.
Американката, која во Мелбурн е 27.носителка, двата сета го започна со дупли брејк и водство од 4:0. Швјонтек, во првиот сет успеа некако да се врати во сетот, но не и да и предизвика проблеми на Колинс.
Во вториот сет, по водството од 4:0 Колинс не и дозволи на Швојнтек да и се доближи. Го доби мечот за 72 минути.
Финалето во женска конкуренција ќе се одигра во сабота, со почеток во 9.30 часот по средно-европско време.